среда, 28. февруари 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Марио Бецеки најбрз на МОТО ГП трката во Ле Ман

Марио Бецеки најбрз на МОТО ГП трката во Ле Ман

Италијанскиот мотоциклист Марио Бецеки е победник на Мото ГП трката која се возеше за ГН на Франција во Ле Ман и беше јубилејна 1.000 во овој шампионат.

Трката ја одбележаа голем број на падови и инциденти, а уште на стартот актуелниот првак Бањаја се судри со Вињалес и нивната расправија за малку не прерасна и во физички судир.

Безеки на лидерската позиција заврши пред Хорхе Мартин, а подиумот го комплетира Јоан Зарко. Бодови имаше и за Аугусто Фернандез, Алеиш Еспаргаро, Бред Бајндер, Фабио Квартараро, Фабио Ди Џанантонио, Такаки Накагамаки и Франко Морбидели.

Сега следи неколкунеделна пауза од МотоГП, а следната трка е во Италија на 11 јуни.