вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Марко Одермат до нов триумф во Крањска Гора

Марко Одермат до нов триумф во Крањска Гора

Марко Одермат e победник на претпоследната велеслаломска трка во сезоната од Светскиот куп во алпско скијање која се возеше во словенечка Крањска Гора.

Швајцарецот до победата стигна со вкупно време од 2:20.91 минути што беше за 32 стотинки подобро од второпласираниот Норвежанец Хенрик Кристоферсе.

Подиумот го надополни Французинот Алексис Пантуро со заостанување од 70 стоти делови од секундата зад времето на победникот.

Со овој пласман Одермат го освои малиот кристален глобус во велеслалом и со тоа го додаде ова признание на големиот кристален глобус, но и на малиот кристален глобус во супервелеслалом.

Најдобрите скијачи во светот се селат во андорскиот Солдеу каде од среда почнуваат трките со кои ќе се затвори сезоната во алпско скијање.