Менаџерските тимови на Тајсон Фјури и Александар Усик постигнаа согласност за одржувањето на мечот за обединување на титулите во тешка категорија.
Иако се очекуваше овој дуел да се одржи во Саудиска Арабија сепак двајцата боксери ќе се соочат во Лондон и според договорот на двата тима домаќин ќе биде стадионот Вембли, а мечот ќе се одржи на 29 април.
Според последните информации за терминот на одржување на мечот известена е и Светската боксерска асоцијација и од овој момент веќе може да почнат подготовките.