Деновиве нашиот бисер Дејан Георгиевски заедно со неговите клубски другари, заедно со другари од репрезентацијата предводени од неговите тренери Борче и Дарко Костовски е во Крушево на првите подготовки за настапот на олимписките игри во Токио.
Георгиевски е првиот домашен македонски спортист после 12 години што ја израдува македонската јавност со обезбедена олимписка А норма. Тој на квалификациониот турнир за обезбедување олимписка норма успеа да го победи актуелниот олимписки шампион Радик Исаев од Азербејџан.
Дејан Георгиевски има златен и сребрен медал од сениорско европско првенство што само по себе говори за каков брилијантен спортист станува збор, исто така тој има само 22 години а веќе е во самиот крем на олимпискиот фулконтактен боречки спорт Таеквондо.
Дејан како што напоменавме моментално е во Крушево, таму останува 12 дена веднаш потоа патува за Словенија каде што ќе спарингува со репрезентативецот на Словенија Иван Трајковиќ кој е медалист од светско првенство и исто така има обезбедено норма за Токио.
По доаѓането од Словенија Дејан заедно со целиот стручен штаб на Македонската Таеквондо Федерација ќе отпатува уште на 12 дневни подготовки во Охрид, после Охрид неколку дена активен одмор и патува за Токио како знаменосец на македонскиот олимписки тим !
Ако не одиме на медал не сваќаме зошто воопшто би оделе на олимписки игри. Ова е фулконтактен боречки спорт, особено сега имаме работа со најдобрите на планетата и може се да се случи, но тоа што одлиме на медал не е очекување врз база на спортско изненадување туку врз база на врвни или елитни спортски квалитети кои ги поседува Дејан Георгиевски велат од МТФ.
Македонското Таеквондо да не заборавиме дека има и други големи надежи, тука се европскиот медалист Филип Додевски кој да потсетиме заради повреда не обезбеди норма за Токио, светската медалистка Анамарија Георгиевска, балканскиот шампион Марко Стевиќ и неколку други.
Искрено се надеваме дека овие светли точки во замрениот македонски спорт продолжат да носат врвни спортски успеси кои ќе не направат погорди македонци.