Вториот светски тенисер, Русинот Данил Медведев, кој отсуствува од тениските терени уште од крајот на март, се очекува да биде меѓу учесниците на АТП турнирот во Женева од 15 до 21 овој месец, објавија денеска организаторите.
Турнирот во Женева е последен пред вториот Грен-слем турнир годинава, Ролан Гарос, кој стартува во Париз на 22 мај.
Медведев потоа ќе мора да ги пропушти сите турнири во Велика Британија, вклучувајќи го и Вимблдон, бидејќи организаторите и Британската тениска федерација одлучија да им забранат настап на руските и белоруските тенисери поради инвазијата на Русија врз Украина.