недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Медведев славеше во Доха, Крејчикова триумфираше во Дубаи

Медведев славеше во Доха, Крејчикова триумфираше во Дубаи

Рускиот тенисер Данил Медведев е победник на АТП турнирот во Доха додека Барбора Крејчикова триумфираше во Дубаи. Медведев до 17-от трофеј во кариерата стигна откако во финалето за 107 минути во два сета со 6:4 и 6:4 го совлада поранешниот прв рекет на планетава, а сега 70-то рангиран на АТП листата, Енди Мареј.

На женскиот турнир во Дубаи, 30-тата тенисерка на светот, Крејчикова славеше против водечката на ВТА листата, Ига Швојнтек.

Тенисерката од Чешка до првиот триумф во 2023 година, а вкупно шести во кариерата по победата со 6:4 и 6:2 во меч што траеше 90 минути.