Најдобриот светски тенисер и рекордер по број на недели на првото место на АТП-листата, Новак Ѓоковиќ остана без финалето на завршниот Мастерс во Торино, откако по повеќе од два ипол часа загуби од Александер Зверев со 6-7, 6-4, 3-6 во второто полуфинале, и ќе игра против Данил Медведев за трофејот.
Ѓоковиќ не успеа да стигне до завршниот меч и да се бори за нов трофеј во своето рекордно десето полуфинале на завршните Мастерси, а еден загубен свој сервис во четвртиот гем во клучниот трет сет реши сѐ.
Денеска во финалето на завршниот турнир од 21 часот ќе играат Медведв и Зверев.