недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Мекларен го одложува влезот во „Индикар“, но Алонсо има шанса за Инди 500

Мекларен го одложува влезот во „Индикар“, но Алонсо има шанса за Инди 500

Извршниот директор на Мекларен, Зек Браун најави дека конструкторот нема да влезе во американските автомобилски серии „Индикар“ следната година, но има шанса Фернандо Алонсо да земе учество во Инди 500 со нивна поддршка.

Откако двократниот Ф1 шампион објави во текот на летото дека догодина нема да се натпреварува во Ф1, почнаа шпекулации дека тој ќе биде дел од новата програма на Мекларен во „Индикар“ во 2019-та. И покрај можноста, Мекларен мораше да го одложи влегувањето во шампионатот поради проблеми со испораката на моторот. Првичниот план на Зак Браун беше Мекларен да ги користи моторите на Шевролет и инженерите на „Андрети Аутоспорт“, кои работат со Хонда. За да не дојде до истекување на внатрешни информации, нема начин како планот да се оствари следната година и Мекларен ја оставаат вратата отворена кон „Индикар“ за 2020-та.

– Ние едноставно не сме подготвени за тоа уште и сме фокусирани на Формула 1. Имаме желба да влеземе во „Индикар“, сум го кажал тоа и претходно. Ќе размислиме за шансите во зимскиот преоден рок. Сигурен сум дека Фернандо ќе нѐ поддржи, изјави Зак Браун за време на тркачкиот викенд во САД.>

Алонсо го промовира дополнително „Инди 500“ со учеството во 101-то издание минатата година. Два милиони луѓе во светот ги гледаа неговите тестови за трката во живо на Јутјуб. Шпанецот стартуваше петти, а во трката беше лидер за 27 круга и се наоѓаше во челото на колоната, пред оштетување на моторот да го лиши од борбата за победа на 20 круга пред крајот.

Стартот во „Инди 500“ беше дел од неговиот план да ја освои т.н. „Тројна круна“ во мотоспортот – победи во Гран При на Монако, „24-те часа Ле Ман“ и „Инди 500“.

МИА