сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Мекларен го „шутна“ Ванродн

Мекларен го „шутна“ Ванродн

Стофел Вандорн го напушта Мекларен по крајот на оваа сезона. Веста беше веќе очекувана во последниот период, но денеска самите Мекларен ја потврдија, дека белгиецот си заминува од екипата по крајот на 2018 година.

Вандорн го имаше своето деби во Формула 1 минатата сезона, но навистина се мачеше да ги покаже своите квалитети и талент како врвен возач, во најголем дел поради очајниот болид на екипата од Вокинг и нивните снабдувачи со агрегати.

Сезоната за екипата е далеку од идеална, но лошата форма на Вандорн, кој не е во можност да му парира на Фернандо Алонсо, ја поттикна одлуката на Мекларен.

Како фаворит за неговото место е Ландо Норис. Но се шпекулира дека и Серхио Перез би можел да биде опција, како и Естебан Окон. Набргу ќе дознаеме кој ќе вози покрај Карлос Саинз во 2019 година.