четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Мерцедес го ангажираше Шумахер, Волф не го крие задоволството од потегот

Мерцедес го ангажираше Шумахер, Волф не го крие задоволството од потегот

Мик Шумахер брзо најде нов ангажман во Формула 1, па иако нема да има гарантирано место на трките, во новата сезона ќе биде резервен возач на Мерцедес.

Германецот не доби продолжување на договорот со Хас, а откако му истече и договорот со Ферари, доби можност за преселба во големиот ривал.

Шумахер ќе им биде нов колега на Луис Хамилтон и Џорџ Расел, а Тото Волф во првата изјава го истакна задоволството од важниот потег.

– Мик е голем работник, гладен е за нови лекции и сигурно ќе се усовршува како возач. Има важни квалитети и возбудени сме што ќе учествува во развивањето на новиот болид, – изјавил Волф.

Мик е син на легендарниот Михаел Шумахер, кој последните три сезони во Ф1 ги мина токму во Мерцедес.