сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Метју Фaвр ја освои титулата во велеслаломската трка на СП

Метју Фaвр ја освои титулата во велеслаломската трка на СП

Метју Фaвр ја освои титулата во велеслаломската трка на Светскиот шампионат во Кортина Д’Ампецо. и се закити со златен медал.

Зад Фaвр, заврши искусниот Италијанец Де Алипрандини, додека бронзениот медал од оваа трка му припадна на Марк Шварц од Австрија, додека зад него заврши Филип Зубчиќ.

Целосно потфрли Кристоферсен кој заврши деветти, но и Алексис Пинтуро кој не ја доврши трката.

На трката од Светското првенство денес учествуваше и македонскиот скијач Виктор Петков, кој првото возење го финишира со време од 1:30.27, сместувајќи го на 51. место, но пред него е уште едно возење, а целта е да се заврши трката без оглед на резултатот.