среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Михаела Шифрин победи на денешниот слалом на патеката„Јасна”

Михаела Шифрин победи на денешниот слалом на патеката„Јасна”

Михаела Шифрин од Соединетите Американски Држави, е победник на трката во слалом во женска конкуренција, што се возеше на патеката „Јасна“ во Словачка.

Американската скијачка стигна до целта со време, 1 минута, 44 секунди и 28 стотинки, оставајќи ја зад себе Словачката Петра Влхова на второто место и Венди Холденер од Швајцарија на третото место.

За Шифрин ова беше 45 – та победа во слалом.

Во меѓувреме, трката за „Кристалниот глобус“ во слалом останува отворена, бидејќи Влхова има 480 бода пред Шифрин со 435 и Линсбергер со 410 бода.