четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Морничава исповед на славниот боксер: Си купив ново Ферари и тргнав да се самоубијам!

Морничава исповед на славниот боксер: Си купив ново Ферари и тргнав да се самоубијам!

Кариерата на Тајсон Фјури, по победата против Владимир Кличко и освојувањето на титулата за најдобар боксер во тешка категорија во 2015. година, доживеа голем пад.

Фјури не можеше да го издржи големиот притисок, па имаше сериозни психички проблеми, а падна и на допинг тест, па посветуваше внимание на сè освен на боксот.

Меѓутоа, Фјури  годинава успешно се врати во рингот и стигна до две победи, додека првиот поголем предизвик ќе го има против Деонтеј Вајлдер на први декември во Лос Анџелес.

Фјури синоќа гостуваше во емисија кај Џо Роган и откри некои неверојатни работи, поточно призна дека сакал да се самоубие.

-Се забавував цела ноќ, пиев, се дрогирав и сакав само да умрам и да си заминам на забавен начин. Меѓутоа, кога ќе се отрезните, тогаш паѓате во уште поголема депресија. Се обидов да се посветам на други работи. Играв и голф, но чувствував празнина во себе. Се будев пијан и не сакав да сум жив. Ми поминуваа многу луди мисли низ глава. Купив ново Ферари и во 2016. година излегов на автопат и возев со голема брзина. Едноставно сакав да умрам, се откажав од животот и тргнав да го направам тоа, но некој глас во мене ме спречи да го направам тоа, откри Фјури.