недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Може ли вежбањето дома без опрема да даде добри резултати?

Може ли вежбањето дома без опрема да даде добри резултати?

Доколку немате голем буџет или едноставно немате време да одите во теретана, можете квалитетно да вежбате дома без дополнителна скапа опрема.

Луѓето често мислат дека тренирањето дома не е квалитетно, но докторот Чарли Сетлцер, кој воедно е и експерт за слабеење, вели дека е можно да се ослабне вежбајќи дома без дополнителна опрема, но дека во секој случај треба да обрнете внимание на исхраната.

Покрај тоа, тој изјави дека тренингот за сила е суштински ако сакате да изгубите тежина, што секако вклучува вежби со сопствената телесна тежина без опрема.

„Колку повеќе мускули имате, толку е поголема стапката на метаболизам во мирување, што би значело дека побрзо согорувате калории“, рече д-р Сетлцер.

Препорачува да правите вежби како стомачни, пленк и чучњеви, бидејќи тие се многу ефикасни. Исто така истакнува дека е неопходно да се прават паузи помеѓу вежбите за да се одмори телото.

Други од вежбите за снага на телесната тежина што дава најдобри резултати се склековите. Просечниот човек треба да прави околу 20 склекови, но ако претходно не вежбал сила, треба да започне постепено.