среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

МВР со детали за хаосот на одбојкарскиот натпревар во Велес

МВР со детали за хаосот на одбојкарскиот натпревар во Велес

Еден полицаец и еден одбојкар се здобиле со повреди во инцидентот кој се случи вчера по одбојкарскиот натпревар одигран помеѓу екипите на Борец и тетовска Шкендија.

-На 10.04.2023 во СВР Велес било пријавено дека околу 21.10 часот во спортската сала „Гемиџии“ во Велес, по одигрување на одбојкарскиот натпревар помеѓу екипите на ГОК Борец од Велес и ОК Шкендија од Тетово, бил нарушен јавниот ред и мир, при што дел од играчите на гостинската екипа и дел од присутните во публиката фрлале едни кон други со разни предмети. Притоа, со повреди се здобиле еден полициски службеник и еден играч на ОК Шкендија, велат од МВР.

Од полицијата најавуваат поднесување на соодветни пријави по расчистување на случајот.

Детали за инцидентот ТУКА