Нови проблеми за трикратниот шампион на Вимблдон, Борис Бекер.
Во моментов се наоѓа на отслужување на двеипол годишната затворска казна во Лондон, а сега дозна дека по издржувањето на казната би можел да биде депортиран од Велика Британија.
Бекер нема британско државјанство, а законот вели дека сите странци кои служаат затворска казна поголема од една година најчесто се депортирани при првата можна прилика.
Интересно е штоп Бекер уште пред седум години најави дека ќе аплицира за британско државјанство, но тоа се нема случено.
Инаку, Германецот првите десет дена во затворот ги поминува во посебно одделение за прифаќање по доаѓањето поради актуелните ковид рестрикции.