Организаторите на Летните Олимписки игри во Токио во 2020 година, планираат да воведат систем за препознавање на лицето на сите акредитирани со што би се направил чекор напред во безбедноста на најголемиот спортски настан во светот.
Јапонците за прв пат во историјата на ОИ ќе ја користат технологија „NeoFace“ кој ги следи сите акредитирани лица, вклучувајќи спортисти, службеници, вработени и медиумите на повеќе од 40 места, соопштија официјални лица од Организациониот комитет.
Се очекува со новиот систем ефикасно да се елиминираат обиди за влез со лажни документи, намалување на гужвите на местата за акредитираните, како и намалување на стресот кај спортисти.
Извршниот директор за безбедност на Игрите, Цуоиши Ивашита, рече дека системот за препознавање на лице гарантира високо ниво на безбедност и ефикасност.
Слики на лицето на секој акредитиран, по процесот на одобрување ќе бидат внесени во базата на податоци, која ќе се користи за проверка на акредитацијата на контролните пунктови.