Рускиот тенисер Александер Зверев имаше несекојдневен испад во Акапулко, поради што му беше изречена условна и парична казна од страна на АТП.
Висината на казната според Рафаел Надал не беше доволна за такво однесување на теренот. Шпанецот смета дека начинот на кој што моментално се доделуваат санкциите не носат промена на однесувањето на играчите.
„Ова е тешка позиција за мене. Имам поделено мислење бидејќи негувам добар однос со Саша и тој е некој што го ценам, но сигурен сум дека знае за неговата голема грешка. Тоа е позитивно, но од друга страна, ако не можеме да го контролираме ваквото однесување на теренот или да најдеме начин да го казниме на соодветен начин, тогаш играчите може да имаат чувство на неказнивост. Како и во сите спортови, мора да бидеме позитивни примери за младите кои нè гледаат. Така што, од една страна не сакам Саша да биде казнет, но од друга страна, би сакал да видам построги санкции за ваквото однесување, бидејќи тоа ќе го заштити спортот, судиите и сите присутни на натпреварите“, вели тенисерот од Мајорка.
Надал е без пораз на почетокот од сезоната. Го освои трофејот на Австралија опен, а потоа продолжи без пораз на турнирот во Акапулко.