понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ники Лауда по три месеци излезе од болница

Ники Лауда по три месеци излезе од болница

Легендарниот возач во Формула 1, Ники Лауда, по три месеци си замина од болницата, каде му беше извршена трансплантација на белите дробови.

Трикратниот шампион е отпуштен од болницата во Виена во „добра здравствена состојба“. Тој беше хоспитализиран поради сериозна инфекција, а на втори август му беше извршена трансплантација.

Лауда во 1976 година имаше сериозна несреќа на трка во Формула 1 и претрпе тешки изгореници особено на главата. Воедно на 69-годишниот  возач двапати му беше извршена и трансплантација на бубрезите.

Од 2012 година Лауда е дел од екипата на Мерцедес и беше еден од клучните луѓе кои помогнаа Луис Хамилтон да дојде во тимот.