Тенискиот турнир Бимблдон започна со серија непријатни инциденти и скандали. Најпрво дождот направи огромни проблеми и дури 28 мечеви мораа да бидат одложени, а се случи и нов посериозен инцидент во кој беше вмешана публиката.
На теренот број 18 играа Григор Димитров и Шо Шимабукуро, влетаа двајца навивачи кои го прекинаа мечот уште пред да започне дождот. Двајцата втрчаа на теренот и почнаа да фрлаат конфети, а потоа скандираа песни против владата и ги навредуваа големите нафтени компании.
Во тој момент Бугаринот беше во водство, но мечот мораше да биде прекинат. Организаторите на турнирот изјавија дека двајцата веднаш биле уапсени од полицијата, а делото што го сториле може да биде и кривично. Доколку судот ги прогласи за виновни, тие можат да заработат парична казна од 50.000 фунти, а максималната казна за вакви прекршоци е девет месеци зад решетки.
Protestors jump onto court 18 at #WIMBLEDON half way through Dimitrov & Shimabukuro.
Crowds cheering as they’re both removed. pic.twitter.com/GNWroRO1SY— Molly Clayton (@mollclayton) July 5, 2023