Макс Вертапен е победник на Големата награда на Штаерска која се возеше на Ред Бул Ринг. Ферстапен на убедлив начин стигна до нова победа пред најголемиот ривал Луис Хамилтон на Мерцедес кој заврши на второто место.
Третото место му припадна на Валтер Ботас на Мерцедес кој сепак успеа да ја добие втората битка против Ред Бул, бидејќи Серхио Перез заврши како четврти. Во топ 10 уште пласман обезбедија и Норис, Сајнц, Леклер, Строл, Алонсо и Цунода.
Со овој триумф Макс Ферстапен ја зголеми предноста во генералниот пласман пред Луис Хамилтон.
Холанѓанецот сега има 156 поени, односно деветнаесет повеќе од најголемиот ривал. Следниот викенд на истата патека ќе се вози трката за Големата награда на Австрија.