Доминација на Макс Верстапен во Барселона, возачот на Ред Бул беше најбрз на трите слободни тренинзи и квалификациите, а денеска во трката водеше од прв до последен круг и финишираше со 25 секунди предност во однос на Луис Хамилтон.
Мала драма имаше само во финишот на трката, кога Макс Верстапен праша кој го поседува најбрзиот круг на трката а неговиот инженер му порача да внимава бидејќи веќе има црно-бело знаменце како опомена дека во три наврати го напуштил лимитот на пеката и ризикува казна.
Но ова не му значеше ништо на Холанѓанецот, кој веднаш притисна на педалот за гас и веќе во следниот круг постави најбрзо време, за кое доби дополнителен еден бод и сега има +53 на врвот во генералниот поредок.
Возачите на Мерцедес не можеа да го следат темпото на Макс Верстапен, но покажаа значителни подобрувањеа и беа најбрзи од остатокот, Луис Хамилтион заврши како втор а Џорџ Расел се искачи на последното место на пиедесталот.
Серхио Перез финишираше како четврти, пред Карлос Саинц и двоецот на Астон Мартин, Ленс Строил и Фернандо Алонсо.
Во бодови уште завршија Естебан Окон, Јуки Џунода и Пјер Гасли.