Големиот пријател на Михаил Шухамер, Жан Тод (74) со кого тој работеше во Ферари, но и актуелен претседател на Светската автомобилистичка федерација (ФИА) е еден од ретките кој освен семејството е информиран за состојбата на Германецот по неговата несреќа на скијање во 2013 година.
Тој во интерјву за „Де Телеграф“ потврди дека редовно го посетува седумкратниот светски првак, а во една прилика откри и дека заедно гледаат трки.
-Редовно одам кај Михаил. Заедно гледаме телевизија. Неговата борба трае, заедно со членовите на семејството и докторите, изјавил Тод.
На прашањето дали Михаил е свесен за успехот на својот 21 годишен син Мик, кој наскоро ќе стане дел од Формула 1, Тод без конкретен одговор.
-Нема да зборувам за тоа бидејќи не сакам да одам во детали. Тоа се приватни работи. Мик е млд и талентиран возач. Има големо име, но големо име не управува со воланот. Кога ќе дојде во Формула 1 нема да има победнички болид. Ќе му биде потребно време и прерано е да се знае дали има талент како неговиот татко или како Макс Верстапен или Луис Хамилтон. Уште не знаеме, изјави Тод.