среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

ОФИЦИЈАЛНО: „Ауди“ влегува во Формула 1

ОФИЦИЈАЛНО: „Ауди“ влегува во Формула 1

Како и што се најавуваше германскиот производител „Ауди“ потврди дека од 2026 година ќе влезе во Формула 1.Познато е дека Ауди ќе произведува агрегати, но се уште не е сигурно дали за четири години ќе има и свој тим. Долги години се пишуваше за влегувањето на овој автомобилски гигант во најбрзиот караван.

Една од главните причини за влезот на „Ауди“ е промената на правилата во однос на погонските единици. Германците не можеа да останат имуни на големата популарност што се добива со учеството во Формула 1.

Засега не е познато кој тим ќе биде партнерот на „Ауди“ и тоа би требало да биде откриено на крајот на 2022 година.