петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Официјално отворено Олимпиското село во Токио

Официјално отворено Олимпиското село во Токио

Распространето на 44 хектари на кои се подигнати 21 зграда со капацитет за сместување на 23.000 спортисти и официјални лица, денеска во јапонската престолнина официјално е отворено Олимпиското село.

Вообичаената свечена церемонија и одбројување на деновите и часовите до почетокот на Игрите во Токио на 23 јули овојпат минуваат во сенка на сè поголемата загриженост на локалното население поради одржување на најголемата светска спортска манифестација во услови на пандемија на коронавирусот.

Во Олимпиското село, лоцирано во Токискиот залив, веќе почнаа да пристигнуваат првите спортисти, а дополнителна загриженост меѓу јапонските граѓани предизвикаа информациите за први позитивни случаи на коронавирус во редовите на олимписките делегации.

Два члена на олимпискиот тим на Уганда, еден српски и еден хрватски олимпиец, како и член на израелската делегација, се првите позитивни случаи на Ковод-19 во Олимпиското село.