На Олимписките игри во Токио привршуваат натпреварите во екипните спортови. Со бронзени медали на претпоследниот ден од Игрите се закитија одбојкарите на Аргентина и француските кошаркарки.
Аргентина во јужно-американската пресметка за 3. место на машкиот одбојкарски турнир го победи Бразил со 3-2, по сетови 25:23, 20:25, 20:25, 25:17 и 15:13.
За златото од 14:15 часот ќе играат Франција и Русија.
На женскиот турнир во кошарка, Франција беше поуспешна од Србија со 91:76 и го освои бронзениот медал.
Утре во дуелот за првото место САД ќе се сретнат со репрезентацијата на Јапонија.