среда, 17. јануари 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

ОИ: Почна распределбата на медали во атлетика, првото одличје за Барега

ОИ: Почна распределбата на медали во атлетика, првото одличје за Барега

Селемон Барега од Етиопија го освои денеска првиот златен медал на атлетските натпреварувања на Игрите во Токио со триумфот на трката на 10.000 метри.

Барега победи со време од 27:43:22 минути, оставајќи го зад себе светскиот првак и светски рекордер Џошуа Чептеги од Уганда., кој низ целта мина со време од 27:43:63.

Уганда во трката на 10.000 метри го освои и бронзениот медал со успешниот настап на Џејкоб Киплимо, кој заврши третопласиран со време од 27:43:88.