Нема да има ништо од големата пресметка меѓу Олександр Усик и Тајсон Фјури. Боксерската пресметка требаше да се одржи на 29. април на „Вембли“.
Менаџерот на украинскиот боксер Егис Климас потврди дека нема што да се бори за обединување на сите титули во тешка категорија со Фјури.
По неколкумесечни преговори, Фјури и Усик се договорија за меѓусебен меч, што го потврди и промотерот на ВБА. Но, засега ништо од тоа.
Менаџерот и долгогодишен советник на Украинецот Климас тврди дека борбата нема да се одржи на објавениот датум и дека Усик се врти кон други борби.
Усик се врти кон одбраната на титулата на ВБА во тешка категорија против Даниел Дубоа.