понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Перез до пол-позиција пред Леклер и Алонсо

Перез до пол-позиција пред Леклер и Алонсо

Серхио Перез повторно стигна до пол-позиција во Саудиска Арабија, Мексиканецог го искористи пехот на Макс Верстапен и беше најбрз во квалификациите, пред Шарл Леклер и Фернандо Алонсо.

Макс Верстапен доминираше на тренинзите во Џеда но Холанѓанецот и утре ќе стартува како 15-ти откако доживеа пех во втората сесија од денешните квалификации и поради механички проблем мораше да го паркира болидот во бокс.

Отсуството на актуелниот шампион го искористи Серхио Перез, кој стигна до нова пол-позиција во Саудиска Арабија.

Мексиканецот постави време од 1:28.265 кое беше недостижно за конкуренцијата, најблиску беше Шарл Леклер, со време од 1:28.420, но возачот на Ферари ќе назадува десет позиции, па во стартниот ред утре ќе се најде Фернандо Алонсо, кој денеска со 1:28.730 имаше трето најдобро време.

Потоа следуваа Џорџ Расел, Карлос Саинц, Ленс Строл, Естебан Окон, Луис Хамилтон, Оскар Пиастри и Пјер Гасли.