Возачот на Ред Бул, Серхио Перез изјави дека е способен да го освои шампионатот во Формула 1.
– Сигурно можам да станам светски шампион. Ако сè биде добро, тогаш можам да победам секого во Формула 1. Вклучувајќи го и Макс Верстапен. Ова веќе неколку пати го покажав оваа сезона. За жал, ова не беше јасен успех. Макс е неверојатен возач, тој е многу кул за своите години и има одлично чувство за болидот. Значи, прашањето не е дали можам да го престигнам, туку на колку трки можам да завршам пред него. Тука треба да зборуваме за стабилност, а јас ја имам. Моето искуство во Формула 1 ми помага. Исто така, на таа тимска работа додајте ја енергијата што ја вложив во тренинзите за сила. Јас сум во одлична форма. Ова ми дава доверба во себе. Затоа, не се сомневам дека можам да станам шампион, изјави Перез за „Билд“.
Во сезоната 2022, Перез е трет во поредокот за возачи. Има 173 бодови. Макс Верстапен води со 258 поени.