сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Пирели го продолжи договорот со Формула 1 до 2027 година

Пирели го продолжи договорот со Формула 1 до 2027 година

Италијанскиот произведувач на пневматици Пирели, ќе продолжи да биде ексклузивен добавувач на гуми за Формула 1 и во следните четири години, до крајот на 2027 година, со опција соработката да биде продолжена до 2028 година.

Пирели ги снабдува тимовите со гуми од 2011 година, а ќе продолжи да ги снабдува и тимовите во Формула 2 и Формула 3.

Посветеноста на квалитетот на оваа компанија, иновациите и нејзино длабоко познавање на нашиот спорт, ќе биде од суштинско значење во годините кои доаѓаат, кога ќе се приближуваме до новите правила во 2026 година“, рече претседателот на Формула 1, Стефано Доменикали.