Целиот ММА свет го чекаше официјалниот резултат од средбата на еден од најдобрите борачи на денешницата Хабиб Нурмагомедов и сопственикот на УФЦ организацијата Ден Вајт.
Епилогот од средбата, многумина разочара бидејќи одговорот на прашањето за неговото враќање во борба е можеби.
Нурмагомедов се повлече од октагонот по смртта на својот татко и тренер, а Вајт изјавил што се случило на состанокот зад затворени врати.
-Хабиб ќе ги погледнете двете следни борби во лесна категорија кои ќе се одржат идната недела. Ако било кој од четворицата борачи направи нешто спектакуларно, ќе го испирира Нурмагомедов да се врати, истакнал Вајт.
The #UFC257 stakes have been raised! 👀@DanaWhite gives us an update on @TeamKhabib‘s fighting status. pic.twitter.com/FFC2GNeIUY
— UFC (@ufc) January 16, 2021