Директните конкуренти за шампионската титула во формула 1, Макс Фестапен и Луис Хамилтон утрешната трка за Големата награда на Абу Даби ќе ја почнат од првиот ред.
Ферстапен ја освои пол позиција откако во третата сесија од квалификациите имаше за скоро четири десетинки подобар резултат од директниот конкурент за трофејот Хамилтон.
Последната трка од светското првенство од вториот ред ќе ја почнат Ландо Норис на МекЛарен и вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез.
Како петти ќе стартува Карлос Саинз, а шести е Валтери Ботас. Меѓу десетте најдобри се уште Шарл Леклерк, Јуки Цунода, Естебан Окон и Даниел Рикиардо.
Во пресрет на последната трка од шампионатот Ферстапен и Хамилтон влегуваат со идентичен број на бодови и двајцата возачи во досегашниот тек од сезоната на контото имаат по 369,5 бода додека третопласираниот Ботас има 218.