Возачот на Ферари, Шар Леклер ја има првата пол-позиција во новата сезона од Формула 1, тој оствари најдобро време во денешните квалификации за Големата награда на Бахреин.
Леклер беше најбрз во квалификациите и утре тој ќе стартува од пол-позицијата на ГН Бахреин. Неговото време беше 1:30.558. До него, во првиот ред ќе стартува актуелниот шампион Макс Ферстапен, а трет е другиот возач на Ферари, Карлос Саинц, до него е Перез од Ред Бул.
Луис Хамилтон ќе стартува дури од третиот ред, тој имаше петто време. Дека Мерцедес нема да биде конкурентен во овие квалификации се види уште на тренинзите. На шесттата позиција е Ботас.
Во топ 10 се уште и Магнусен, Алонсо, Расел и Гасли.