вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Поради смртта на својот татко, спортистка се повлекува од Светскиот куп

Поради смртта на својот татко, спортистка се повлекува од Светскиот куп

Микаела Шифрин објави дека привремено се повлекува од Светскиот куп во алпско скијање по неочеканата смрт на нејзиниот татко Џеф кој почина во 65 година од животот.

Трикратната освојувачка на големиот Кристален глобус и моментно водечка светска скијачка веднаш се врати во САД, откако ја доби тажната вест од Колорадо и сè уште е нејасно кога ќе се врати на белите патеки.

Татко и беше нејзина голема поддршка во трките за Светскиот куп.

Според информациите во американските медиуми, се повредил за време на куќни работи, веднаш бил хоспитализиран, но смртта настапила како последица на повредите на главата.