петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Порше се откажа од влегување во Ф1

Порше се откажа од влегување во Ф1

Германската компанија Порше нема да се приклучи на караванот во Формула 1 веднаш по воведувањето на новите правила во 2026 година, пренесуваат европските медиуми.

Порше е дел од групацијата Фолксваген, која во април минатата година објави дека Ауди и Порше сакаат да бидат дел од најбрзиот циркус од 2026 година. Во меѓувреме, Ауди купи удел во Заубер и си обезбеди сопствен влез во Формула 1.

За разлика од Ауди, Порше беше заинтересиран само за соработка со некои од постоечките конструктори. Најсериозни преговори беа со актуелниот шампион Ред Бул, но тие пропаднаа во септември. Во меѓувреме, австрискиот тим најави дека ќе користи мотори на Форд од 2026 година.