сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Познати сите учесници на завршниот АТП турнир во Торино

Познати сите учесници на завршниот АТП турнир во Торино

Најдобрите тенисери оваа година се подготвуваат за последниот спектакл сезонава. Завршниот Мастерс турнир во Торино започнува в недела, а веќе се познати учесниците во двете групи.

Носител во групата А е првиот рекет на светот, Србинот Новак Ѓоковиќ а ривали ќе му бидат Стефанос Циципас, Андреј Рубљов и Каспер Руд , додека во втората група се  Данил Медведев, Александар Зверев, Матео Беретини и Хуберт Хуркач.

Финалниот Мастерс на програмата од 14 до 21 ноември, а титулата ќе ја брани Данил Медведев, кој во ланското финале беше подобар од Доминик Тим.