петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Пробајте ја докажаната диета на Ѓоковиќ: Денот го започнува со еден пијалок, а ова тридневно мени на сите им ја враќа силата

Пробајте ја докажаната диета на Ѓоковиќ: Денот го започнува со еден пијалок, а ова тридневно мени на сите им ја враќа силата

Новак е познат како голем професионалец, а своевремено неговата исхрана предизвика многу контроверзии.

Ноле многу го промени секојдневниот внес на храна, најде баланс и продолжи да биде најдобар. Еднаш во една прилика откри и дека практикува автофагијата.

„Би сакал да се осврнам на темата автофагија. Тој тип на пост 16 – 8 е популарен, не се јаде 16 часа, се јаде 8 часа. Јас тоа го применувам и во последната година и пол откако го практикувам тоа, чувствувам многу подобрувања во системот за варење, подобро спијам, имам повеќе енергија во текот на денот“, вели Ѓоковиќ.

Ноле во видео на Инстаграм откри и како го започнува денот. Станува збор за напиток со малку минерална вода и лимон, а потоа од стебленцата целер се прави ладно цеден сок.

„Овој сок е полн со минерали, сол и други неоткриени елементи кои го чистат вашиот црн дроб. Тоа прави чуда, и за мене и за мојата сопруга и за нашите деца. Додуша, не го земаат чисто, туку со додавање на сок од краставица или јаболко“, додаде тогаш тенисерот.

Овошјето и зеленчукот се неизоставен дел од неговата трпеза, а 3-дневното мени е многу лесно за практикување.

Прв ден

Појадок: Пие големи количини вода, а потоа зема 2 лажици мед; мусли (органски овес без глутен, брусница, суво грозје, семки од тиква или сончоглед и бадеми).
Ужина: крекер без глутен со авокадо и туна.
Ручек: Салата од мешан зелен зеленчук, тестенини без глутен, тиквички, аспарагус, суви домати, веганско сирење.
Ужина: јаболко со путер од индиски ореви; диња.
Вечера: Салата од кељ, анасон, киноа и пињола, сардини, минестроне супа, филети од лосос.

Втор ден

Појадок: Голема количина вода, 2 лажици мед, банана со путер од индиски ореви
Ужина: тост без глутен со путер од бадем и мед.
Ручек: Салата од зелен зеленчук, тестенини без глутен, црвена пиперка, рукола, индиски ореви, рукола, босилек, зачинет оцет.
Ужина: овошје и јаткасти плодови.
Вечера: Салата од туна со боранија, грав, рукола, домати. Супа од домати.

Трет ден

Појадок: Голема количина вода, 2 лажици мед, овес без глутен со путер од индиски орев и банана, овошје
Ужина: Домашен хумус и јаболки
Ручек: Салата од зелен зеленчук, тестенини без глутен со песто
Ужина: Авокадо со крекери без глутен
Вечера: Салата од свежо зелен лиснат зеленчук, супа од морков…