Пилотот на Алфа Ромео, Гуанју Жоу е во стабилна и свесна состојба во медицинскиот центар во Силверстоун. Тој во денешниот инцидент на почетокот на трката во Формула 1 шампионатот за Големата награда на Велика Британија го извлече најдебелиот крај.
По верижниот судар во кој учествуваа повеќе болиди, оштетени се болидите на Естебан Окон (Алпин), Џорџ Расел (Мерцедес), Јуки Цунода (Алфа Таури), а Жоу со својот болид се преврти и излета далеку дури до просторот меѓу трибините и заштитната ограда.
Трката веднаш беше прекината со црвени знамиња и болидите беа испратени во боксот.
Покрај Жоу, и Албон е пренесен во медицинскиот цента.