Пилотот на Алфа Ромео, Кими Раиконен го сподели своето мислење за почетокот на сезоната 2020 во Формула 1.
-Малку е чудно да се вратиме на трки под вакви услови, но јас сум сигурен дека штом ќе се бидеме зад воланот, веднаш ќе заборавиме на сите ограничувања и ќе размислиме како подобро да управуваме со нашата работа. Паузата ни даде можност да поминеме време со семејството, но сега е време да се фокусираме на работата, изјави Раиконен.
Сезоната 2020 од шампионатот во Формула 1 започнува со австриското Гран-при, што ќе се одржи од 3 до 5 јули.