Возачот на Ферари, Кими Раиконен, победи на трката од Формула 1 шампионатот возена синоќа за Големата награда на САД и со тоа не дозволи Луис Хамилтон и теоретски да ја потврди новата шампионска титула.
За Финецот ова беше 21. победа и прва по девет години и 113 трки.
Втората позиција му припадна на Макс Верстапен од Ред Бул, додека Хамилтон заврши на третото место.
Второпласираниот во генералниот пласман, Себастијан Фетел во Тексас беше четврти.
По оваа трка, Хамилтон има 331 бод, 68 повеќе од Фетел.
До крајот на Ф1 шампионатот остануваат уште три трки, следната е по шест дена во Мексико Сити. (МИА)