Возачот на Ферари, Кими Раиконен успеа да триумфира на трката за Големата награда на САД.
Финецот во Остин, на 18. трка сезонава во шампионатот на Формула 1, победи по првпат од Големата награда на Австралија во 2013. година.
Второто место го освои Макс Ферстапен од Ред Бул, додека на третата позиција беше актуелниот шампион Луис Хамилтон, но не успеа да ја обезбеди титулата бидејќи Себастијан Фетел заврши четврти во Тексас.