среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Раиконен потврди, заминува во пензија

Раиконен потврди, заминува во пензија

Поранешниот светски првак во формула 1, Финецот Кими Раиконен (41), синоќа преку социјалните мрежи потврди дека на крајот од актуелната сезона ќе ја заврши својата 20-годишна кариера.

Раиконен дебитираше во формула 1 во 2001 година, а својот најголем успех го постигна шест години подоцна кога во болидот на Ферари ја освои титулата светски првак.

Финецот ќе ја заврши кариерата во тимот на Алфа Ромео, а во досегашните 344 трки од светското првенство во формула 1 забележа 21 победа и 18 пати ја освојуваше пол-позицијата.

– Тоа е тоа. Ова ќе биде мојата последна сезона во формула 1. Ова е одлука, која ја донесов во текот на минатата зима. Одлуката не беше лесна, но по завршувањето на оваа сезона е време за нови работи, објави Раиконен на Инстаграм.