понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ред Бул најде доказ против Мерцедес

Ред Бул најде доказ против Мерцедес

Воведниот дел од сезоната во Формула 1 беше многу возбудлив, а ако по утрото се познава денот, така ќе остане до крајот на сезоната.

Во изминатите недели Мерцедес протестираше на ФИА поради флексибилното задно крило во Ред Бул, така што на австрискиот тим му е забрането да го користи од 20 јуни.

Тото Волф од Мерцедес беше меѓу оние кои најмногу го критикуваа Ред Бул, но сега се појавија докази против флексибилното предно крило на Мерцедес, кое се витка многу повеќе во однос на ова од Ред Бул.

Ред Бул ќе мора да престане да го користи своето задно флексибилно крило од 20 јуни, поточно од трката за Големата награда на Франција, додека Мерцедес инсистира тоа да биде од следната трка за ГН на Азербејџан, на 6 јуни.