Спортскиот директор на Формула 1, Рос Браун, рече дека тркачката серија се обидува да ја подобри видливоста на дожд.
-Во однос на дождот, се прави истражување за прскање и видливост. Во текот на последните етапи, Пет Сајмондс и други луѓе од ФИА комуницираа со возачите – особено со оние кои пилотираа други автомобили. Фернандо Алонсо рече дека е многу полесно да се трка на дожд во спортски автомобили отколку во Формула 1 болид. Да, има шофершајбна и бришачи, но рече дека има уште еден спреј, изјави Браун, за „GPFans“.
Исто така, спортскиот директор на Формула 1 зборуваше за главните проблеми во дождливото време.
-Ќе проучиме каков спреј создаваат новите автомобили. Имаме неколку идеи како да ја подобриме ситуацијата. Има два големи проблеми – „аквапланинг“ и видливост. Аквапланинг се однесува на тоа како функционираат гумите во водени услови, а по одреден момент не можете да направите ништо. Но, видливоста веројатно може да се подобри. Има голем број работи што ги проучуваме – ќе видиме дали ќе имаат влијание“, додаде Браун.
Годинава поради слаба видливост практично беше во прекин „Гран при на Белгија“. Пилотите не можеа да поминат ниту еден круг во тркачки режим.