Легендата на светскиот тенис, Швајцарецот Роџер Федерер, одби да присуствува на годинaшниот Австралија опен.
Федерер, кој се пензионираше на Лејвер купот во септември, нема намера да патува на турнири ширум светот. Организаторите сакаа Федер да дојде на турнирот во кое било својство, но од тоа нема ништо.
Австралијците сега се вртат кон 2024 година, кога ќе биде 20-годишнина од првиот трофеј на Федерер во Мелбурн.
Швајцарецот во раце го држеше трофејот на Австралија опен во 2006, 2007, 2010, 2017 и 2018 година.