Забраната за учество на руските и белоруските тенисери на овогодинешниот Вимблдон е веројатно една од најлошите спортски одлуки во 2022 година.
Андреј Рубљов стравува дека следната година би можело да се повтори ова сценарио и дека Британците повторно ќе забранат учество на Русите и Белорусите доколку војната во Украина продолжи.
„Неодамна имавме состанок со помош на АТП. Бевме многу отворени, нудевме многу опции, многу начини да помогнеме. Сакаме да се вратиме и да играме. Но, тие не се заинтересирани. Британската влада со оваа одлука покажа дека политиката и е поважна од мирот. Тие едноставно не сакаат да помогнат. За нив сето тоа е само политика“, изјави Рубљов.