Андреј Рубљов ја освои својата деветта АТП титула, прва од март 2021 година, откако со 7:5/7:6(4) го совлада младиот Канаѓанец Феликс Оже-Алијасим во финалето на Опен 13 Прованс во Марсеј.
Русинот, кој совлада три Французи на турнирот за пласман во финалето, сега има 5-0 скор во индорс хардкорт турнири, прекинувајќи ја серијата од три порази во финалето во низа (Монте Карло, Синсинат и Хале).