недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Русија исфрлена од Дејвис Купот, Србија ќе ја замени во завршниот турнир

Русија исфрлена од Дејвис Купот, Србија ќе ја замени во завршниот турнир

Тениската репрезентација на Србија е замената на Русија на завршниот турнир во Дејвис купот, откако бранителот на титулата беше исклучен од натпреварувањето поради војната во Украина.

Србија беше избрана за најдоброрангирана селекција која минатата година играше во полуфиналето на Дејвис Kупот. Врз основа на тоа, првично доби специјална покана од организаторите, со која без учество во квалификациите отиде директно во финалето во септември, но сега „вајлд-картата“ ќе биде доделена на друга репрезентација.

Одлуката за тоа ќе биде донесена по завршувањето на квалификациите, на 4 и 5 март, кога ќе биде доделена покана за една од дванаесетте елиминирани репрезентации. Во квалификациите ќе играат Еквадор, Романија, Финска, Колумбија, Канада, Бразил, Словачка, Унгарија, Норвешка, Јапонија, Чешка и Австрија.