Трката од Формула 1 шампионатот која в недела ќе се вози на патеката во Сочи, би можела да биде претпоследна во овој олимписки град на Црното море. Според најавите, наместо во Сочи, трките за Големата награда на Русија од 2021 година ќе се возат во Санкт Петербург.
Русите вложија многу пари за изградба на Ф1 патеката во Сочи, но инвестицијата не им се исплати, бидејќи трибините никогаш во овие пет години не беа полни. Според претседателот Владимир Путин, идеално решение за преселба би бил Санкт Петербург, и тоа за две години.
Во некогашен Ленинград ќе треба да се изгради нов автодром, иако во минатото таму биле почетоците на тркачките спортови во Русија. Досега на трките во Сочи, секогаш победуваат пилоти на Мерцедес, а годинава ќе имаат сериозна конкуренција во Ферари.